ПОВИК за обука за зајакнување на девојки и жени преку спорт

Sport Social Solutions(SSS) во партнерство со Националниот Олимписки Комитет, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка и Националниот Параолимписки Комитет во рамки на проектот “Фер Игра: Унапредување на родовата еднаквост во спортските политики“, отвора повик за 20 учеснички од Скопје, на возраст од 18 до 35 години, кои ќе учествуваат на дводневна обука со цел зајакнување на своите лидерски вештини и проактивно вклучување во спортскиот сектор.

Подетално, за време на обуката ќе се обработуваат теми кои вклучуваат:

  • Техники и стратегии за поставување цели за постигнување успех и во спортот и во личните и професионалните потфати;
  • Подобрување на комуникациските вештини, вклучувајќи ефективно слушање и решавање на конфликти;
  • Дискутирање за важноста на интегритетот, чесноста и етичкото однесување во лидерските улоги и истражување на етичките дилеми со кои најчесто се соочуваат спортските лидери/ки;
  • Дискусија за поставување на здрави граници, за согласност и комуникација со почит во спортските тимови и пошироко, следејќи ја методологијата на ненасилна комуникација;
  • Обезбедување можности за соработка и вмрежување во спортската заедница и нагласување на вредноста на градењето на односи за поддршка.

Дводневната обука ќе се одржи на 17ти и 18ти март и истата е предвидена да се спроведе надвор од Скопје.Патните трошоци, трошоците за сместување  и храна се покриени од страна на организаторот.

Критериуми за учество:

  • Учесничките да бидат вклучени во спортскиот сектор, во профил на спортистка, тренер, судијка, менаџерка, новинарка или на друг начин активно да се вклучени во спортски клуб или федерација
  • Возраст од 18 до 35 години;
  • Да покажуваат интерес за развој на лидерски вештини;
  • Да покажуваат интерес за унапредување на родовата еднаквост и креирање на еднакви можности за жени и мажи во спортот и спортскиот сектор ;

Особено се охрабруваат да се пријават учеснички кои се припадници на ранливи и маргинализирани групи.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидатки за учество на обуката треба да испратат кратка биографија и писмо за интерес на мејл адреса musa@sportsolutions.mk  За прашања поврзани со повикот, слободно можете да се обратите до контакт лицето Едина Муса, на истата мејл адреса.

Повикот е отворен до 3ти април (среда) 17.00 часот.

* Со пријавување на оваа обука, потврдувате дека ги исполнувате горенаведените критериуми, сте во можност во целост, активно, да учествувате на обуката 17ти и 18ти март. Сите учеснички ќе се поттикнат и поддржат стекнатите знаења од обуката да ги искористат за залагање и креирање на конструктивни наративи за унапредување на родова еднаквост во спортот и развивање на родово-одговорни организации.

Обуката е овозможена во рамки на проектот “Фер Игра: Унапредување на родовата еднаквост во спортските политики”, поддржан од  ЕУ, со цел да придонесе кон унапредување на родовата еднаквост во спортскиот сектор.