Оглас за проектен менаџер/ка

  • Спорт Соушал Солушнс е организација посветена на унапредување на спортот и спортските политики. На национално и европско ниво, организацијата реализира проекти во клучни области како што се родова еднаквост и инклузија, интегритет и добро владеење, спортска дипломатија и други значајни аспекти поврзани со развојот на спортот и општеството.
  • Оглас за работа: Проектен/на менаџер/ка
  • Опис на работното место:
  • Проектниот менаџер е одговорен за раководење со проекти во согласност со условите дефинирани во договорот за грант и проектната апликација.Ги спроведува проектните активности во согласност со начелата и политиките на Спорт Соушал Солушнс, соработувајќи со останатиот тим на здружението.
  • Клучни области на работа и главни одговорности:
  • • Координација и имплементација на проекти согласно дефинираните цели, резултати и буџет;
  • • Планирање и развој на алатки за имплементација, мониторинг и евалуација на проектите;
  • • Обезбедување квалитетна комуникација и координација меѓу членовите на проектниот тим;
  • • Координирање на проектни набавки и ангажман на консултанти согласно интерните политики;
  • • Подготовка на периодични наративни извештаи според проектните и организациските правила;
  • • Организирање и/или учество на работни состаноци со партнер-организации (онлајн или во живо);
  • • Поддршка при службени патувања поврзани со проектните состаноци
  • Координација на јавни настани поврзани со проектите;
  • • Претставување на организацијата на релевантни форуми, платформи, кампањи и работни групи;
  • • Придонесување кон подготовка на проектни апликации и fundraising активности.
  • Потребни квалификации и критериуми:
  • • Завршено високо образование (предност се општествени науки, бизнис администрација);
  • • Најмалку 5 години искуство во проектен менаџмент;
  • • Предност е претходно искуство во граѓански организации;
  • • Одлично познавање на англиски јазик;
  • • Напредни компјутерски вештини (MS Office, Интернет);
  • • Возачка дозвола „Б“ категорија;
  • • Способност за концептуално и аналитичко размислување;
  • • Проактивност и способности за координирање на персоналот;
  • • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • • Способност за подготовка на извештаи и финансиска писменост.
  • Работни услови:
  • • Полно работно време со флексибилно работно време (не е задолжително од 8-16 часот);
  • • Работа од дома (remote working).

Како организација, нудиме можност за работа во конструктивна и динамична средина, каде што ќе имате можност да соработувате со европски партнери, професионално да се надградувате и да уживате во флексибилно работно време кое овозможува подобра рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски.

Сите заитересирани лица треба да достават ЦВ и мотивационо писмо на mitevska@sportsolutions.mk, најдоцна до 28.12.2024.