Национална конференција „Колку е спортот безбеден?”

На 29 април, во Хотел Холидеј Ин, ќе се одржи Националната конференција „Колку е спортот безбеден?”, организирана во рамки на проектот „Безбедна платформа – Против родово базирано насилство во спортот”, кој го спроведува Спорт Соушл Солушнс.

Настанот ќе се одржи од 10:00 до 14:00 часот и има за цел да поттикне важна дискусија за безбедноста во спортската средина. Преку три панел дискусии, учесниците ќе ја разгледаат темата од повеќе аголи – од теоретска перспектива, преку лични искуства на спортистки, сè до улогата на националните федерации во градењето механизми за заштита.

На настанот ќе бидат претставени и обучените сејфгард офицери кои делуваат во националните спортски федерации, а конференцијата ќе заврши со интерактивен квиз и неформално дружење.

Конференцијата е дел од акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство”, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Прочитајте ја целосната агенда ТУКА.