- Спорт Соушал Солушнс е организација посветена на унапредување на спортот и спортските политики. На национално и европско ниво, организацијата реализира проекти во клучни области како што се родова еднаквост и инклузија, интегритет и добро владеење, спортска дипломатија и други значајни аспекти поврзани со развојот на спортот и општеството.
- Оглас за работа: Проектен/на менаџер/ка
- Опис на работното место:
- Проектниот менаџер е одговорен за раководење со проекти во согласност со условите дефинирани во договорот за грант и проектната апликација.Ги спроведува проектните активности во согласност со начелата и политиките на Спорт Соушал Солушнс, соработувајќи со останатиот тим на здружението.
- Клучни области на работа и главни одговорности:
- • Координација и имплементација на проекти согласно дефинираните цели, резултати и буџет;
- • Планирање и развој на алатки за имплементација, мониторинг и евалуација на проектите;
- • Обезбедување квалитетна комуникација и координација меѓу членовите на проектниот тим;
- • Координирање на проектни набавки и ангажман на консултанти согласно интерните политики;
- • Подготовка на периодични наративни извештаи според проектните и организациските правила;
- • Организирање и/или учество на работни состаноци со партнер-организации (онлајн или во живо);
- • Поддршка при службени патувања поврзани со проектните состаноци
- Координација на јавни настани поврзани со проектите;
- • Претставување на организацијата на релевантни форуми, платформи, кампањи и работни групи;
- • Придонесување кон подготовка на проектни апликации и fundraising активности.
- Потребни квалификации и критериуми:
- • Завршено високо образование (предност се општествени науки, бизнис администрација);
- • Најмалку 5 години искуство во проектен менаџмент;
- • Предност е претходно искуство во граѓански организации;
- • Одлично познавање на англиски јазик;
- • Напредни компјутерски вештини (MS Office, Интернет);
- • Возачка дозвола „Б“ категорија;
- • Способност за концептуално и аналитичко размислување;
- • Проактивност и способности за координирање на персоналот;
- • Одлични комуникациски и организациски вештини;
- • Способност за подготовка на извештаи и финансиска писменост.
- Работни услови:
- • Полно работно време со флексибилно работно време (не е задолжително од 8-16 часот);
- • Работа од дома (remote working).
Како организација, нудиме можност за работа во конструктивна и динамична средина, каде што ќе имате можност да соработувате со европски партнери, професионално да се надградувате и да уживате во флексибилно работно време кое овозможува подобра рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски.
Сите заитересирани лица треба да достават ЦВ и мотивационо писмо на mitevska@sportsolutions.mk, најдоцна до 28.12.2024.