Во рамки на проектот „Безбедна платформа – Против родово базирано насилство во спортот“, со особено задоволство ве покануваме да учествувате на првата обука за безбеден спорт и превенција од родово базирано насилство, која ќе се одржи на 21 мај 2025 година, во Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје.
Оваа обука ќе ја води Билјана Кузмановска, експертка и офицер за safeguarding, со долгогодишно и богато искуство во областа на заштита на децата и младите во спортскиот контекст.
Работилницата е наменета за тренери и ангажирани лица во спортски клубови, со цел зајакнување на нивните капацитети за препознавање, превенција и ефикасно справување со случаи на родово базирано и сексуално насилство во спортската средина.
Пријавување:
За да учествувате, ве молиме испратете е-mail на: todorovska@sportsolutions.mk
Контакт и дополнителни информации:
На истиот контакт може да ги поставите сите прашања поврзани со обуката. Бројот на места е ограничен.
Овој настан се реализира во рамки на проектот поддржан од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со финансиска поддршка од Европската Унија.