Sports Social Solutions има потреба од консултант/ка за подготовка на полиси бриф на тема родово-базирано насилство во спортот. Консултантот/ката ќе биде одговорен/на за изработка на кратка анализа за тековната состојба со родово базираното насилство во спортот, подготовка на полиси бриф кој ќе идентификува предизвици и празнини во системот како и препораки за воспоставување безбедна и инклузивна спортска средина за сите учесници.
Потребни квалификации:
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на англиски и македонски јазик, кое треба да го демонстрира следново:
Практично искуство од најмалку 2 години во изработка на анализи и истражувања на тема родова еднаквост и/или родово-базирано насилство.
Практично искуство во подготовка на полиси бриф и/или препораки за унапредување на родовата еднаквост во спортските политики.
Времетраење на ангажманот:
Консултантот/ката се ангажира за 3 работни денови и вкупниот бруто надомест за ангажманот изнесува 270 евра во денарска противвредност согласно курсот одреден од страна на донаторот.
Начин на пријавување
Заинтересираните треба да достават апликации на следната електронска адреса: todorovska@sportsolutions.mk со назнака „Koнсултант/ка за подготовка на полиси бриф ” најдоцна до 05.10.2025 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите до todorovska@sportsolutions.mk
